• вторник, 05 ноември 2024

Над 400 хакерски напади врз грчкиот катастар (ДПЛ)

Над 400 хакерски напади врз грчкиот катастар (ДПЛ)

Атина, 19 јули 2024 (МИА) – Над 400 напади врз ИТ системите на грчкиот катастар биле регистрирани оваа седмица, а постоел и неуспешен обид за хакерски кориснички упад во базата на податоци, соопштија од Министерството за дигитално управување на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Министерство претпладнево излегоа со ново соопштение со детали за хакерскиот напад, што веднаш ги мобилизирал сите државни органи надлежни за справување со вакви случаи.

Последниот неуспешен обид бил во пет часот утрово и веднаш бил спречен, а паралелно ги демантираат натписите во грчките медиуми дека хакерите обезбедиле пристап до базата на податоци.

Објаснија дека „пробиена беше една од резервните копии (backup), но неуспешен беше обидот за извлекување на податоци (data exfiltration) кон странски сервер“

-Пробиени се терминали на вработените, од кои досега се извлечени вкупно 1,2 гигабајти податоци од вкупните 200 терабајти со кои располага катастарот, односно 0,00059 отсто. Видот на досиејата кои досега се украдени не се однесуваат на лични податоци на граѓаните, туку формални административни документи на службите кои не влијаат на правилното функционирање на катастарот, соопштија од Министерството за дигитално управување на Грција. ср/

Остани поврзан