• четврток, 17 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Над 122 милиони верници ги посетиле двете најважни џамии во Саудиска Арабија за време на Рамазан

Над 122 милиони верници ги посетиле двете најважни џамии во Саудиска Арабија за време на Рамазан

Ријад, 1 април 2025 (МИА) – Вкупно 122.286.712 верници ги посетиле Големата џамија во Мека и Џамијата на Пророкот во Медина за време на светиот месец Рамазан.

Големата џамија ја посетиле 75.573.928 верници, додека Џамијата на пророкот – 30.154.543 муслимани.

Големата џамија во Мека се простира на 356.800 квадратни метри и може да прими до четири милиони луѓе. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан