• понеделник, 23 декември 2024

Над 11 милиони туристи ја посетиле Грција во првата половина од годинава

Над 11 милиони туристи ја посетиле Грција во првата половина од годинава

Атина, 21 август 2024 (МИА) – Во периодот јануари-јуни годинава, Грција ја посетиле 11.625.600 туристи, за 15,5 отсто повеќе во споредба со истиот период лани, а зголемени се за 12,2 проценти и приходите од туризмот, согласно податоците од Банката на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Во првата половина од годинава патничкиот сообраќај преку аеродромите бил зголемен за 16,1 отсто, а преку копнените гранични премини за 15,2 проценти.

Во конкретниот период, од земјите-членки на Европската Унија имало 6.846.800 патници, што бележи зголемување од 17,3 отсто споредбено со лани, додека патниот сообраќај од други земји е зголемен за 13,1 отсто и изнесува 4.778.800 туристи.

Со зголемувањето на бројот на туристи, зголемени се и приходите за 12,2 отсто и изнесуваат 6,9 милијарди евра, пораст, што, како соопштија од Банката на Грција, се должи на зголемувањето на приходите од посетителите од земјите од ЕУ за 14,8 проценти, како и зголемување за 8,4 отсто на туристите од останатите земји. 

Само во месец јуни, Грција ја посетиле 4.681.800 туристи, за 8,8 отсто повеќе од истиот месец лани. 

Минатата година беше особено успешна за грчкиот туризам, со оглед на тоа дека Грција ја посетија 32,7 милиони туристи, за 17,6 отсто повеќе споредбено со 2022 година. ср/сд/

Остани поврзан