Над илјада граѓани од ранливи групи побарале правна помош од граѓанските организации
- Повеќе од 1.000 граѓани од ранливите групи се обратиле кај граѓанските организации и побарале правна и параправна помош, во изминатите 11 месеци, откако почна да се имплементира проектот „При
Скопје, 24 декември 2020 (МИА) - Повеќе од 1.000 граѓани од ранливите групи се обратиле кај граѓанските организации и побарале правна и параправна помош, во изминатите 11 месеци, откако почна да се имплементира проектот „Пристап до правда за најмаргинализираните“.
Граѓаните, како што информираат од проектот, најчесто бараат правна или параправна помош од областа на социјалната заштита, вработувањето, домувањето и земјоделската дејност, искористувањето на економските мерки за справување со кризата, образованието, здравствената заштита, социјалната заштита и добивањето лична документација, но и помош поврзана со разводот на бракови и заштита од семејно насилство.
„Пристап до правда за најмаргинализираните“ е финансиски поддржан од Европската Унија, а спроведуван од Фондацијата Отворено општество – Македонија, ХОПС-Опции за здрав живот Скопје и Здружението за правна едукација и транспарентност – Станица П.Е.Т. од Прилеп. aa/дма/