• вторник, 01 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Надминат проблемот на ГП Стење - Горица, протокот на патници без проблеми

Надминат проблемот на ГП Стење - Горица, протокот на патници без проблеми

Дебар, 28 март 2025 (МИА) – Надминат е проблемот, со кој на Македонците од Мала Преспа, со албански лични карти, им се попречуваше влез на македонска територија на граничниот премин Стење-Горица, кај Ресен.

-По три дена, од денеска протокот на патници на овој граничен премин се одвива нормално, без никаков проблем, како што беше претходно. Голема благодарност до македонските власти кои ги прифатија нашите реакции, кои беа во интерес на Македонците, кои секојдневно влегуваат во Македонија и се враќаат назад, како сезонски работници, во ресенскиот регион, од што и обезбедуваат егзистениција за своите семејства, изјави за МИА, Васил Стерјовски, претседател на Македонска алијанса за европска интеграција.

Партијата прва реагираше околу овој проблем, наведувајќи дека „овие лица се соочуваат со забрана за влез поради податоци во системот дека престојувале повеќе од три месеци во Македонија, иако нивниот влез и излез се случува на дневно ниво“, додавајќи дека „ова е првпат да се создаде ваков проблем и оти ваква ситуација досега не постоела“.

И градоначалникот на Општина Пустец, Пали Колефски, вчера информираше дека е во постојан контакт со македонските власти за да се реши овој проблем искажувајќи оптимизам за итно надминување на проблемот. вт/дма/

 

Фото: МАЕИ

Остани поврзан