• понеделник, 23 декември 2024
На денешен ден
6 ноември 2021 (МИА)   1632.- Шведскиот крал Густав II Адолф - голем војсководец и воен реформатор, загинал во Триесетгодишната војна во битката кај Лицен, во која неговата протестантска војска ја победила римокатоличката армија на германскиот цар Фердинанд II Хабзбург под команда на генералот Алберт фон Валенштајн. 1661.- Роден е шпанскиот крал Карлос II, последен монарх од династијата на шпанскиот Хабзбург, кој на престолот стапи како четиригодишник во 1665 година и владеел со Шпанија до 1700 година. Бидејќи немал наследник, по неговата смрт почнала војната за шпанското наследство во кое околу шпанскиот имот и круна се судриле Франција, австрискиот Хабзбург (германското царство), Англија и Савоја. 1771.- Роден е германскиот издавач и печатар Алојз Хојан Непомук Франц Зенефелдер, пронаоѓач на системот на литографското печатење. Го напишал „Учебникот за литографија“. 1813.- Мексико прогласило независност. Поттикнати од настаните во Северна Америка, свештениците Хидалго и Моралес повеле општо востание против шпанските колонизатори. Хидалго бил фатен и погубен, додека Моралес ја продолжил борбата и на овој датум ја прогласил незвисноста на Мексико. 1814.- Роден е белгискиот производител на дувачки инструменти Адолф Сакс, кој во 1840 година го измислил музичкиот интрумент наречен во негова чест саксафон. 1825.- Роден е францускиот архитект Жан Луј Шарл Гарние, чие главно дело е Операта во Париз, еден од најзначајните споменици на париската архитектура во втората половина на 19. век. Ги проектирал и Казиното во Монте Карло и Опсерваторијата во Ница. 1860.- Роден е полскиот пијанист и композитор Игнац Јан Падеревски, професор на Конзерваториумот во Варшава, кој од 1919 до 1921 година бил премиер и министер за надворешни работи на Полска. Дела: операта „Манра“, „Полска фантазија“ за клавир и оркестар, една симфонија, клавирски дела, соло песни. 1860.- Абрахам Линколн бил избран за претседател на САД. 1861.- Роден е канадскиот професор по физичко образование Џејмс Нејсмит, кој во 1891 година ја измислил кошарката. 1880.- Францускиот микробиолог Шарл Луј Лаверан, добитник на Нобеловата награда за медицина во 1907 година, ја открил причината за маларијата која ги пустошеше мочуришните предели во светот. Набљудувајќи ја под микроскоп крвта на заболен човек од маларија забележал дека помеѓу цревните крвни зрца има нова хистолошка формација која ја нема во крвта кај здравите луѓе. Заклучил дека тие микроорганизими (подоцна наречени Haemamoeba Laverani) ја предизвикуваат маларијата, но не знаел на кој начин продирале во крвта. Англискиот лекар Роналд Рос 15 години подоцна утврдил дека маларијата ја пренесуваат комарците. 1893.- Во Санкт Петербург умрел Петар Илич Чајковски, најистакнат руски композитор и еден од најголемите симфоничари во 19 век. Значаен придонес дал и во развојот на рускиот балет. Неговиот музички придонес е мошне богат. Тој бил композитор на шест симфонии, на три клавирски концерти на оперите „Евгениј Онегин“ и „Пиковата Дама“, на балетот „Лебедово езеро“ и на увертирата „Ромео и Јулија“, кои се меѓу најпознатите дела на руската и на светската класика. Роден бил во Камско Боткинск, на 7 мај 1840 година. 1909.- Во Куманово е роден Трајко Прокопиев, истакнат македонски композитор и диригент. По ослободувањето го формирал пејачкиот хор на Главниот штаб на НОВ на Македонија, а во 1945 година станал прв директор на Средната музичка школа во Скопје. Тој бил главен музички уредник на Радио Скопје, диригент на Симфонискиот оркестар и на Операта на Македонскиот народен театар, а од 1958 до 1964 година го водел Ансамблот за народни игри и песни на Македонија "Танец". Умрел во Белград, на 21 јануари 1979 година. 1913.- Британците го уапсиле Махатма Ганди, легендраниот индиски водач наречен „таткото на Индија“. 1917.- По пет месеци борба, во Првата светска војна со победата на западните сојузници врз Германија завршила третата битка кај белгискиот град Ипр. Поместувањето на линијата на фронтот на не цели 10 километри од главниот град го платиле најмалку 240.000 војници. 1921.- Роден е Џејмс Џонс, американски писател. Неговите најдобри романи во кои ги обновува сеќавањата за Втората светска војна изобилуваат со натуралистички описи на секс и насилство. Познати му се делата: „Одовде до вечноста“, „Некои дојдоа трчајќи“, „Тенка црвена линија“ и други. Умрел во 1977 година. 1931.- Роден е американскиот филмски режисер Мајк Николс. Негувал специфичен хумор и се бавел со феномените на современиот американски живот: Филмови: „Дипломец“ (Оскар), „Кој се плаши од Вирџинија Вулф“, „Сексуално воспитување“, „Ловци на мираз“. 1942.- Во селото Битуше, Гостиварско, проработила првата партизанска печатница во Македонија „Гоце Делчев“. За време на НОВ во печатницата, меѓу другите, биле отпечатени Манифестот на Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија, прогласот на ЦК КП на Македонија по повод Илинденското востание, првите броеви на весниците „Нова Македонија“, „Млад борец“ и „Македонка“, како и првиот дел на зборникот на Кочо Рацин „Македонски ослободителни песни“. 1943.- Советската армија во Втората светска војна ги протерала Германците од Киев. Киев бил повеќе од две години под окупација на Германија. 1944.- Во Битола бил формиран хорот „Стив Наумов“, кој подоцна прерасна во КУД „Стив Наумов“. 1968.- Во Париз започнале мировните преговори меѓу САД и Виетнам, но воената интервенција на Американците во Индокина траела се до април 1975 година, кога завршила со пораз на САД. 1984.- Роналд Реган повторно бил избран за претседател на Содинетите Американски Држави. 1993.- Грузиските трупи го зазеле Зугдиди, последното упориште на бунтовниците лојални на сменетиот претседател на Грузија - Звијад Гамзахурди. 1993.- Во Рим, Република Македонија била примена за полноправен член на Меѓународната организација на ОН за храна и земјоделство (ФАО). 1998.- Првите разговори меѓу Индија и Пакистан од 1992 година за спорниот пограничен глечер Сијачен завришиле со пакистанското одбивање на индискиот предлог за прекин на огинот. 1999.- Австралијците со 55 спрема 43 отсто ја отфрлиле идејата за укинување на монархијата и воспоставување република. Австралија, како и некои други поранешни британски доминиони (Канада, Нов Зеланд) и понатаму ја признаваат британската монархија како шеф на државата, а британската круна ја застапува генералниот гувернер. 2007.- Умрел Енцо Бјаџи, познат италијански новинар. Од 1952 до 1960 година го уредувал неделникот „Епока“. Во 1961 година станал главен уредник на информативната програма на РАИ. Пишувал за торинскиот „Печат“, римска „Република“, милански „Кориера дела сера“ и неделникот „Панорама“. Во 2002 година престанал да работи за државната телевизија по 700 емисии во информативната програма „Ил Фато“ („Факти“) која ја водел многу години. Напишал повеќе од 80 книги.   ###

Остани поврзан