• среда, 17 јули 2024

„Наградата за мир“ ја заокружува 35-годишната соработка на Цветин и „Нова Македонија“

„Наградата за мир“ ја заокружува 35-годишната соработка на Цветин и „Нова Македонија“
Скопје, 29 октомври 2021 (МИА) - Македонскиот сликар и хуманист Живко Поповски-Цветин денеска во дворот на редакцијата на „Нова Македонија“ ја врачи „Цветиновата награда за мир“ за 77-от роденден на првиот македонски дневен весник, кој над 35 години ја промовира и поддржува неговата мироносна мисија со „Цвеќето на мирот“. Наградата во име на „Нова Македонија“ ја прими уредникот на весникот, Марјан Велевски. – Многу сме почестени од наградата, со неа ја заокружуваме 35-годишната соработка, помеѓу „Нова Македонија“ и Живко Поповски-Цветин. Цветин и „Нова Македонија“ заеднички организирале многу свечености, а така ќе продолжиме и во иднина, изјави Велевски. Беа изложени изложени и артефакти од почетоците на „Нова Македонија“ – машина за пишување, фотоапарат, телефон, букви за висок печат, клишеа и слично. мд/са/

Остани поврзан