• четврток, 16 мај 2024

Навреме отворени избирачките места во Делчево, гласањето тече во најдобар ред

Навреме отворени избирачките места во Делчево, гласањето тече во најдобар ред

Делчево, 8 мај 2024 (МИА) – Во Делчево навреме отворени 36 избирачки места на кои денес можност имаат да гласаат 14.515 евидентирани избирачи за вториот круг од претседателските избори и 14.569 граѓани кои своето право на глас можат да го остварат на парламентарните избори 2024.

- Се наоѓаме на избирачко место 583/1 започнавме точно во 7 часот, имаме вкупно 682 гласачи на ова избирачко место, а во 8:30 часот излегле 39 гласачи, истакнаа претставници на избирачкото место 583/1.

Во Делчево вчера од 220 пријавени болни и изнемоштени лица во вториот круг од претседателските и парламентарните избори 2024 во домашни услови гласале 209 лица. вс/ир

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан