Навреме затворени избирачките места во Куманово, Липково и Старо Нагоричане
- Излезноста во Куманово, според податоците на Државната изборна комисија до 18.30 часот е 44,84 проценти. Претседателката на ОИК Куманово, Кристина Цветковска, информираше дека ибирачките места навреме се затворени. Право на глас, денеска имаа 94.041 гласач, со што Куманово е општина со најголем број избирачи кои гласаа на 164 избирачки места.
Куманово, 19 октомври 2025 (МИА) - Излезноста во Куманово, според податоците на Државната изборна комисија до 18.30 часот е 44,84 проценти.
Претседателката на ОИК Куманово, Кристина Цветковска, информираше дека ибирачките места навреме се затворени. Право на глас, денеска имаа 94.041 гласач, со што Куманово е општина со најголем број избирачи кои гласаа на 164 избирачки места.

Во општина Липково исто така навреме се затворени 36те избирачки места информираше претседателката на ОИК, Ајше Демири. Според ДИК до последната излезност е 39, 40 проценти. Според податоците на ДИК во општина Липково има 26.362 гласачи.
Во општина Старо Нагоричане заврши гласањеро изјави претседателот на ОИК, Старо Нагоричане, Марјан Даиловски. Според ДИК, излезноста е 61, 21 проценти. Според податоците на државната изборна комисија во оваа општина, право на глас, имаат 3.011 избирачи кои гласаат на 36 изборни места. ам/дма/
Фото: МИА