• петок, 22 ноември 2024

Навивач на Евертон постигна гол на пријателски натпревар

Навивач на Евертон постигна гол на пријателски натпревар
Ливерпул, 30 јули 2022 (МИА) – Навивач на премиерлигашот Евертон доби шанса да изведе пенал на пријателски натпревар против киевски Динамо како благодарност за помошта која им ја даде на украинските бегалци од руската инвазија. Евертон во пријателски натпревар одигран на „Гудисон Парк“ го победи Динамо со 4-0, а четвртиот гол на натпреварот го постигна навивачот Пол Стратон од белата точка. Стратон во март замина за Полска каде на границата со Украина, заедно со својот брат, им помагаше на бегалците кои успеаја да ги напуштат своите домови поради инвазијата од Русија. - Не можев да седам дома и да не преземам ништо, изјави тогаш Стратон, вработен како службеник во градската администрација во Ливерпул. ег/паг/

Остани поврзан