• недела, 22 декември 2024

Навивачите на Макаби не го испочитуваа едноминутниот молк за жртвите во шпанските поплави

Навивачите на Макаби не го испочитуваа едноминутниот молк за жртвите во шпанските поплави


Мадрид, 8 ноември 2024 (МИА) – Навивачите на израелски Макаби од Тел Авив не го испочитуваа едноминутниот молк во спомен на повеќе од 200 загинати во поплавите во Шпанија, туку пееја песни и фрлаа петарди пред фудбалскиот натпревар со Ајакс изминатата вечер, јавија денеска шпанските медиуми.
„Навивачите на Макаби пред на натпреварот против Ајакс не го испочитуваа едноминутниот молк во спомен на жртвите од катастрофалното невреме што ја зафати Шпанија. Израелските навивачи скандираа и фрлаа петарди“, наведе весникот Марка, илустрирајќи ја информацијата со видео објавено на својата веб-страница.
Видеото од стадионот го објави и весникот АС, пишувајќи дека „ултрасите на Макаби саботирале едноминутно молчење во спомен на загинатите во Валенсија“.
Најмалку 219 лица загинаа во југоисточна Шпанија, а по околу 80 сè уште се трага, по поројните дождови што поплавија многу населени места во овој дел на земјата.
Натпреварите од европските купови оваа недела започнаа со едноминутно молчење во спомен на жртвите од најтешката природна катастрофа која ја погоди Шпанија во последните децении. Сочувство изразија бројни спортисти, а некои натпревари од шпанското првенство беа одложени поради последиците.
Ајакс го победи Макаби со 5-0 во натпреварот од Лига Европа. Пред натпреварот, навивачите на Макаби скандираа погрдни пораки против Палестина низ улиците на Амстердам и го тргнаа палестинското знаме од прозорецот на една зграда, како што може да се види на видеата објавени во шпанските медиуми.
Шпанија, Словенија, Ирска и Норвешка оваа година ја признаа независноста на Палестина во границите од 1967 година и го повикаа Израел да ја повлече својата војска од окупираните територии. ег

ФОТО: Фејсбук
 

 

Остани поврзан