• петок, 22 ноември 2024

Навални: Герхард Шредер е потрчко на Путин

Навални: Герхард Шредер е потрчко на Путин
Берлин, 7 октомври 2020 (МИА) - Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални остро го нападна некогашниот германски канцелар Герхард Шредер, тврдејќи дека е платен од рускиот претседател Владимир Путин. - Шредер е платен од Путин. Но сега кога се обидува да го негира труењето со нервен агенс врз мене, тогаш тоа е многу разочарувачко, истакна Навални за германскиот весник „Билд“. Шредер неодамна изјави дека не постојат сигурни докази за напад со отров врз Навални, додека германската Влада, пак, потврди дека станува збор за труење со нервен агенс „новичок“. - Шредер е некогашен канцелар на најмоќната земја во Европа. Сега е само потрчко на Путин, кој штити убијци, нагласи рускиот опозициски лидер, додавајќи дека не постои сомнеж оти Шредер тајно добива пари од Путин. гт/

Тагови

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан