• понеделник, 29 јули 2024

Мјанмар ослободи странци од затвор, меѓу нив и австралискиот економист Турнел

Мјанмар ослободи странци од затвор, меѓу нив и австралискиот економист Турнел
Најпјидо, 17 ноември 2022 (МИА) - Воените лидери на Мјанмар го ослободија Шон Турнел, австралиски економист и поранешен советник на демократската икона Аунг Сан Су Чи и уште 6.000 други од затвор со одлука за амнестија, објавија мјанмарските медиуми. Иравади Њуз и Би-Би-Си Бурма објавија дека меѓу ослободените се и поранешната британска пратеничка Вики Бауман и јапонскиот режисер Тору Кубота. Турнел беше обвинет за кршење на законите за државни тајни, Бауман за имиграцијата, а Кубота за бунт и прекршување на законите комуникација. Бауман беше затворена заедно со нејзиниот сопруг, истакнатиот бурмански уметник Ко Хтеин Лин. Мјанмар е во политички превирања откако војската минатата година изврши државен удар со апсење на цивилни лидери, вклучително и Аунг Сан Су Чи, во рациите во раните утрински часови на 1 февруари 2021 година. Повикувајќи се на воениот совет, независниот медиум „Мјанмар сега“ објави дека помилувањата биле дадени по повод Националниот ден на Мјанмар. „На Националниот ден, воениот совет објави дека се ослободени речиси 6.000 затвореници. Меѓу нив имало четворица странци и 11 познати личности“, се наведува во извештајот. паг/    

Остани поврзан