• среда, 01 април 2026

Муцунски во Париз на средби со француски претставници, фокус на евроинтеграциите

Муцунски во Париз на средби со француски претставници, фокус на евроинтеграциите

Скопје, 1 април 2026 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска престојува во работна посета на Париз, каде што ќе оствари средби со министерот за Европа на Француската Република, Бенџамин Адад, како и со Бертран Бушвалтер, советник за континентална Европа и Турција на претседателот на Француската Република, Емануел Макрон.

Во фокусот на разговорите, како што соопшти МНРиНТ, ќе бидат натамошното унапредување на билатералните односи, реафирмирањето на француската поддршка за евроинтегративниот процес на нашата држава, како и размена на мислења за актуелни регионални, европски и глобални прашања.

Во рамките на посетата предвидена е и средба со Жером Филипини, директор на Националниот институт за јавни служби на Француската Република (INSP), при што ќе биде потпишана деекларација за намери помеѓу Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија и Националниот институт за јавни служби на Француската Република. дма/вј/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан