• петок, 28 јуни 2024

Мурињо по шести пат поуспешен од Гвардиола, само Клоп е подобар од него со девет победи против Шпанецот

Мурињо по шести пат поуспешен од Гвардиола, само Клоп е подобар од него со девет победи против Шпанецот
Лондон, 2 февруари 2020 (МИА) – Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо вечерва го предводеше својот тим до триумф над Манчестер сити со 2:0, во 25. коло од Премиер лигата. За Португалецот ова беше шести триумф против тренерот на „граѓаните“ Пеп Гвардиола. Подобар биланс од Мурињо има само предводникот на Ливерпул, Јирген Клоп кој девет пати се радувал на победа во пресметките си Гвардиола. Вреди да се одбележи дека ниту еден друг тренер го нема совладано Гвардиола повеќе од три пати. зс/

Остани поврзан