• петок, 22 ноември 2024

Мурињо не верува дека Италија може да го освои Евро 2024

Мурињо не верува дека Италија може да го освои Евро 2024

Истанбул, 9 јуни 2024 (МИА) - Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо ги прогласи фаворитите за Европското фудбалско првенство 2024, кое ќе започне на 14 јуни во Германија.

- Тоа се Португалија, Англија, Франција, а потоа следат Германија и Шпанија. Може ли Италија да стане европски шампион? Не верувам. Тие немаат многу талентирана генерација, не верувам дека повторно ќе победат, рече Мурињо во интервју за „РТП 3“.

Италија го освои последното првенство, победувајќи ја Англија на пенали во финалето. 

Во групната фаза на Евро 2024, Италија ќе се сретне со Албанија, Шпанија и Хрватска. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан