• петок, 05 декември 2025

Муниција пронајдена во возило, приведен скопјанец

Муниција пронајдена во возило, приведен скопјанец

Скопје, 31 октомври 2025 (МИА) - Скопјанец бил лишен од слобода откако во возилото што го управувал, синоќа пронајдена била муниција, соопштија утрово од Министерството за внатрешни работи.

- Околу 20:35 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР - Скопје, по претходно добиени оперативни информации, сопреле возило „рено меган“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.А., 37-годишен скопјанец. При извршен преглед во возилото, пронајдени се 100 куршуми. Р.А. е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, појаснија од МВР. бд/са/

Фото: Фејсбук МВР

Остани поврзан