• сабота, 10 август 2024

Музичко сценски настан во Битола – „Стоп насилство, стоп молк!“

Музичко сценски настан во Битола – „Стоп насилство, стоп молк!“

Битола, 4 мај 2023 (МИА) - Општина Битола и општинскиот Совет за превенција на детско престапништво, во соработка со Државното музичко училиште во Битола и психологот Нина Тасевска одржаа музичко – сценски настан „Стоп насилство, стоп молк!” кој е во рамки на проектот за превенција од детско и младинско престапништво.

Случувањата во соседна Србија, уште повеќе ни го освестија и потенцираа револтот и потребата од крик, сега не веќе толку тивка, туку потребна ни е гласна и моќна револуција - револуција за поголема грижа за менталното здравје на децата, информираа организаторите на на проектот.

-Учениците, заедно со тимот испраќаат јасна и силна порака и до врсниците и до возрасните, да почнеме од нас, да почнеме денес - стоп за насилството, стоп за молкот! Сакаме превенирање од секаков тип на негативни општествени појави во кои младите денес, многу лесно запаѓаат, за жал, во ова време-невреме, насилство, булинг, злоупотреба на психотропни супстанци и сѐ што е нус појава. Пораката до младите и возрасните е на нестандарден начин, но јасна – стоп на насилството, стоп на молкот, посочија од секторот за односи со јавност на Општина Битола. мт/дма/

Фото: Општина Битола

Остани поврзан