• среда, 12 јуни 2024

МТКФ го одржа летниот куп „Неа Флогита 2021“

МТКФ го одржа летниот куп „Неа Флогита 2021“
Неа Флогита, 19 јуни 2021 (МИА) – Македонската традиционална карате федерација изминатите седум дена го одржа летниот куп „Неа Флогита 2021“ и традиционалниот летен карате семинар. На крајот од семинарот се одржа и турнир со полагање за ученички и мајсторски појаси. Најуспешни во кати беа: Мила Младеновска (кадети/јуниорки), Димитри Влахо (кадети/јуниори), Матеј Мангаровски (12-13 год.), Камелија Недев (9-12 год.) и Филип Недев (6-8 год.). Најуспешни во кумите: Антонија Белазелкоска (кадетки/јуниорки), Димитри Влахо (кадети/јуниори), Матеј Богдановски (12-13 год.), Камелија Недев (9-12 год.) и Филип Недев (6-8 год.). За ученички и мајсторски појаси положија: Максим Поп Трпев-зелен појас, Изабела Пренковска-Син 2, Елена Васиљевиќ Недев-Кафеав 1, Филип Недев-Кафеав 2, Иван Пиневски-Кафеав 3, Марија Гушкова, Михаил Герасимовски, Марта Димковска и Димитри Влахо сите за -црн појас 1 дан, Мила Младеновска-црн појас 3 дан. зс/

Остани поврзан