• петок, 22 ноември 2024

Мотоциклистот Дупаские почина од повреди здобиени при пад на трка

Мотоциклистот Дупаские почина од повреди здобиени при пад на трка
Фиренца, 30 мај 2021 (МИА) – Швајцарскиот моциклист Џејсон Дупаские почина од повредите здобиени во вчерашниот инцидент кога излета од патеката на свиокот 9 на „Муџело“ за време на квалификациите. Возачот на Тек 3, Ајуми Сасаки возеше веднаш зад Дупаские и едноставно немаше начин да избегне судир. Лекарите кои пристигнале на местото на несреќата му пружиле помош на Дупаские половина час, по што тркачот бил пренесен во болница во Фиренца. За време на хоспитализацијата, состојбата на мотоциклистот беше оценета како многу сериозна. Денес Мото ГП објави официјално соопштение, во кое објави дека и покрај најголемите напори на лекарите, Дупаские починал од повредите. зс

Остани поврзан