• петок, 22 ноември 2024

Моравјецки: Полска планира да изгради три нуклеарни централи со шест реактори

Моравјецки: Полска планира да изгради три нуклеарни централи со шест реактори
Варшава, 31 октомври 2022 (МИА) - Полска планира да изгради три нуклеарни централи со шест реактори во рамки на нуклеарно-енергетската програма енергија, објави доцна синоќа полскиот премиер Матеуш Моравјецки, јави Анадолија. Полската новинска агенција ПАП објави дека Моравјецки изјавил дека полската нуклеарна програма е поттикната од желбата да се обезбеди енергетска безбедност. Во петокот Моравјецки на Твитер потврди дека е постигнат договор со Соединетите Американски Држави и компанијата Вестингхаус за изградба на првата нуклеарна централа. „Нуклеарните централи ќе ни помогнат да бидеме независни од каприците на пазарот, трговците со енергија и временските услови“, рече полскиот премиер. Тој потврди дека инвестирањето во нуклеарна енергија „не значи дека Полска нема да развива обновливи извори на енергија“. паг/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан