• сабота, 24 август 2024

Монфис ја освои титулата на УТС во Њујорк

Монфис ја освои титулата на УТС во Њујорк

Њујорк, 24 август 2024 (МИА) – Триесет и седумгодишниот Гаел Монфис го победи Александар Бублик во финалето на егзибицискиот турнир УТС во Њујорк - 10:20, 17:13, 17:14, 15:14. 

Французинот за победата  а турнирот заработи 301 илјада долари.

-Играв одличен тенис овие два дена. Се чувствувам подготвен за УС Опен, изјави Монфис по победата.

Во првото коло на Грен слемот во Њујорк, Монфис ќе се соочи сп Диего Шварцман, кој успешно ги мина квалификациите. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан