• понеделник, 01 јули 2024

Монфис ја одбрани титулата во Ротердам

Монфис ја одбрани титулата во Ротердам
Ротердам, 16 февруари 2020 (МИА) - Гаел Монфис ја одбрани титулата на АТП турнирот во Ротердам. До јубилејниот десетти пехар во кариерата, Французинот стигна по триумфот во финалето над Канаѓанецот Феликс Оже Алијасим со 6:2, 6:4. Монфис беше тенисерот со подобар сервис во мечот за титулата, ја контролираше ситуацијата и во размената на удари и заслужено замина со титулата од Холандија. За Монфис ова е втора турнирска победа во 2020 година, откако минатата недела триумфира и во Монпелје. сѓд/ми/

Остани поврзан