• петок, 05 декември 2025

Момче со повреди од огнено оружје однесено во Ургентен центар на Клинички

Момче со повреди од огнено оружје однесено во Ургентен центар на Клинички

Скопје, 15 септември 2025 (МИА) - Момче со повреди од огнено оружје било однесено во Клиничкиот центар во Скопје.

Од Министерството за внатрешни работи попладнево информираат дека денеска во 1:04 часот, во Секторот за внатрешни работи - Скопје, од Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ е пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје е донесен М.И., 18-годишен скопјанец.

- Полициски службеници од Полициската станица - Бит Пазар извршиле разговор со В.И., 28-годишник од Скопје, кој со возило го донел повредениот, при што тој изјавил дека на улицата „Методија Митевски“, едно лице, кое било со велосипед, неколкупати од огнено оружје пукало кон М.И. и го напуштило местото, појаснуваат од МВР.

Извршен бил увид и од МВР потенцираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. бд/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан