• петок, 22 ноември 2024

МОК најави Олимпијада на видео игри

МОК најави Олимпијада на видео игри

 

Лозана, 15 јуни 2024 година (МИА) – Првите олимписки е-спорт игри наскоро треба да бидат додадени во програмата на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), кој сака да ја привлече и задржи помладата публика.

ИОК соопшти дека на состанокот следниот месец во Париз ќе побара дозвола од своите членки да го одобрат предлогот за формирање на олимписки видеоигри.

Преговорите околу можниот домаќин се во напредна фаза и се очекува да биде познат набргу по состаноците што ќе се одржат во Париз на 23 и 24 јули, најави ИОК.

„ИОК прави голем чекор напред во следењето на дигиталната револуција“, рече претседателот на МОК, Томас Бах на онлајн состанокот.

Олимпијадата на виде игри би се надоврзале на натпреварите спонзорирани од МОК, кои се одржаа минатата година во Сингапур. Тоа беше мешавина од физички симулации на олимписки спортови и традиционални видеоигри.

МОК соопшти дека 75 отсто од гледачите на настанот во Сингапур биле на возраст од 13 до 34 години. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан