• вторник, 24 декември 2024

Мозокот комуницира со масните клетки, откриен можен клуч за слабеењето

Мозокот комуницира со масните клетки, откриен можен клуч за слабеењето

Сан Диего, 6 септември 2022 (МИА) - Ново истражување ги идентификува сензорните неврони коишто пренесуваат пораки од масните ткива до мозокот. Научниот труд објавен во списанието „Нејчр“ (Nature), во таа смисла, посочува дека мозокот може директно да испраќа пораки до масното ткиво и да влијае на метаболичките процеси на телото.

Д-р Ли Је од Катедрата за хемија и хемиска биологија и вонреден професор по неврологија на истражувачкиот институт „Скрипс рисрч“ во Сан Диего, Калифорнија, САД, кој е и еден од авторите на трудот, верува дека откривањето на овие неврони укажува дека мозокот „активно ги набљудува“ мастите, наместо само пасивно да прима пораки.

- Тимот сѐ уште не знае точно какви пораки сензорните неврони пренесуваат до мозокот од масното ткиво - знаеме само дека тие врски се клучни за одржување здрави масти, објасни научникот. Тој, заедно со д-р Ардем Патапутијан развија два нови методи за проучување на врската меѓу сетилните неврони и масното ткиво. Научниците прво користеа пристап наречен „ХИБРиД“, којшто го прави ткивото на глувчето проѕирно и тоа овозможи да ги следат патиштата на невроните низ масното ткиво. За да се види како функционираат невроните во масното ткиво, истражувачите користеле и друга нова техника - РООТ. Ова овозможи селективно да се уништат мали делови од сензорните неврони па да се набљудува што се случува. Преку овие експерименти, истражувачите откриле дека речиси половина од овие неврони не се поврзуваат со симпатичкиот нервен систем - мрежата нерви што телото ја користи за одговорот „бори се или бегај“, туку се поврзани со областа на мозокот од каде што потекнуваат сите сензорни неврони, одговорни за активирање и испраќање сигнали до остатокот од нервниот систем. Кога комуникацијата со сензорните неврони била прекината, симпатичкиот нервен систем почнал да ги претвора белите масни клетки во кафени, кои потоа би можеле да согоруваат калории преку процес наречен термогенеза. Така, доаѓа до забрзан процес на согорување на маснотии во телото. Пред овој труд, науката веруваше дека нервите на маснотиите главно припаѓаат на симпатичкиот нервен систем и дека тие служат за согорување на маснотиите кога телото е под стрес или за време на вежбање. Со ова истражување, претпоставките говорат дека два спротивставени нервни сигнали може да работат заедно со симпатичкиот нервен систем за да согоруваат маснотии.  си/

Остани поврзан