• понеделник, 23 декември 2024

Можностите за инвестирање во Северна Македонија во фокусот на разговорите на Битиќи со амбасадорот на Луксембург, Донкел

Можностите за инвестирање во Северна Македонија во фокусот на разговорите на Битиќи со амбасадорот на Луксембург, Донкел
Скопје, 29 септември 2021 (МИА) - Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, денеска го прими амбасадорот на Големото Војводство Луксембург, Филип Донкел, со кого разговараа за политичката и економската соработка помеѓу двете земји со фокус на можностите за инвестирање во Република Северна Македонија.

Како што соопштија од кабинетот на вицепремиерот, амбасадорот Донкел ја потврди поддршката на Големото Војводство Луксембург за перспективата за европска интеграција за сите земји од Западен Балкан, вклучувајќи ја и Република Северна Македонија и притоа потенцираше дека е посветен за зајакнување на одличните односи меѓу двете земји и нивно интензивирање во политичката, економската и културната сфера.

Вицепремиерот Битиќи, пак, посочи дека Владат на Република Северна Македонија континуирано работи на унапредување на бизнис климата во земјата, како и дека постојат голем број мерки за стимулирање на нови домашни и странски инвестиции, особено во производството со додадена вредност, како и дека постојат одлични можности за реализација на инвестиции во енергетскиот сектор.

-Битиќи и Донкел се согласија дека ќе продолжат да ја негуваат и унапредуваат соработката помеѓу двете земји и дека ќе се посветат на реализација на потенцијалите за економска соработка помеѓу двете земји, стои во соопштението. вг/са/

Остани поврзан