• петок, 22 ноември 2024

Модуларната болница кај Инфективната клиника во Скопје ќе ја користат Затвор Идризово или Министерство за одбрана

Модуларната болница  кај Инфективната клиника во Скопје ќе ја користат Затвор Идризово или Министерство за одбрана

Скопје, 19 септември 2024 (МИА) -  Министерот за здравство Арбен Таравари информира дека се размислува дали модуларната болница лоцирана кај Инфективната клиника во Скопје да ја преземе Министерството за одбрана или пак  таа да се пренесе во Затворот Идризово. 

Таравари, денеска во одговор на новинарско прашање, посочи дека има одлука од Владата за преземање на модуларната болница од страна на МО, но оти треба амбуланта и во Затворот Идризово.

-За модуларната болница на Инфективна клиника веќе има одлука на Влада со која таа болница треба да ја преземе Министерството за одбрана. Има и друга идеја бидејќи треба болница во затворот во Идризово. Сега сме во дилема дали таа модуларна болница да ја пренесеме таму за да служи како амбуланта во Затворот Идризово, изјави Таравари, при посетата на Клинилката болница Штип.

Во однос на модуларната болница во Штип, што е во функција од март 2021 година, Таравари рече дека треба да се размисли рационално како да се искористи кај што има потреба. 

Во тек на ковид  пандемијата, со одлука на Министерството за здравство, беа изградени модуларни болници во 16 градови низ државава. лв/вдј/

Фото: МИА архива/принтскрин

Остани поврзан