Модриќ ќе стане малцински сопственик на Свонси
- Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Лука Модриќ ќе стане малцински сопственик на Свонси Сити, објави Фабрицио Романо.

Мадрид, 14 април 2025 (МИА) - Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Лука Модриќ ќе стане малцински сопственик на Свонси Сити, објави Фабрицио Романо.
Според инсајдерот, зделката е веќе договорена.
Воедно тоа нема да влијае на кариерата на Хрватот, тој сака да продолжи да игра за Реал Мадрид.
Свонси по 42 кола се наоѓа на 12. место во поредокот на Чемпионшип со 54 бодови. Од 2011 до 2018 година тимот играше во Премиер лигата. дс
Фото: Архива