• среда, 15 мај 2024

Млади поети од Пехчево меѓу најдобрите на ,,Детски гласови 2023“

Млади поети од Пехчево меѓу најдобрите на ,,Детски гласови 2023“

Пехчево, 1 октомври 2023 (МИА) – Претставници на Матичната библиотека „Кочо Рацин“ од Пехчево постигнаа одлични резултати на поетската манифестација „Детски гласови 2023“. Во категоријата најдобро изрецитирана поетска творба како што информираше директорката на установата Габриела Костадинова, претставникот од Пехчево ја освои Гран-при наградата.

- Општинската установа Матична библиотека „Кочо Рацин“ на овој настан учествуваше во две категории. Во категоријата од 8 до 12 години Михаил Цековски освои Гран При награда за најубаво изрецитирана поетска творба. Под мое менторство се натпреварувавме и од 13 до 18 години со Јана Тодоровска која освои II место од стручното жири, рече Костадинова.

Изрази благодарност до жири комисијата и организаторката на манифестацијата Даринка Веслиевска за доделените награди.

- Се работи за настан во организација на ЗГИК Жар Преспа – Ресен на која учествуваа ученици од сите градови на Македонија. За нас како библиотека беше повеќе од задоволство да се учествува на овој настан, додаде директорката на пехчевската библиотека.

Додадоа дека како библиотека ќе продолжат да бидат дел од сите манифестации, на кои талентите од пехчевско ќе можат да ги покажат своите афинитети кон пишаниот збор. вс/ир

Фото: МБ „Кочо Рацин“

Остани поврзан