• недела, 07 јули 2024

Младинска еко-акција во Македонска Каменица

Младинска еко-акција во Македонска Каменица
Македонска Каменица, 5 јуни 2011 (МИА) - По повод Светскиот ден на животната средина, младинците од машкиот и женски фудбалски клуб „Каменица Саса" и Женскиот кошаркарски клуб „Баскет Кам" активно се вклучија во чистење на спортските терени во Македонска Каменица. Кон еко-акцијата се вклучија и вработени во Општина Македонска Каменица, на чија иницијатива се организираше настанот.
- Правото на чиста и здрава животна средина, е фундаментално граѓанско право чие целосно и доследно почитување претставува услов за подобро здравје, поквалитетен и подолг живот на граѓаните. Во организација на општина Македонска Каменица најмладите членови на гореспоменатите екипи спроведоа еко-акција на просторите од помошните спортски терени, повеќенаменските спортски игралишта, тениски терени и Градскиот кеј на Каменичка Река, информираат од општината.
Оттаму потенцираат дека светскиот ден на животната средина е најзначајниот ден за поттикнување на глобалната свест за заштита на животната средина и одбележувањето на истиот како што додадоа има за цел да ги охрабри луѓето ширум светот да преземаат чекори за заштита на животната средина и да водат грижа за планетата.
- Затоа секој граѓанин е подеднакво должен да го штити, чува и унапредува природниот еко-систем. Затоа упатуваме голема благодарност до сите кои беа дел од денешната акција, посочија од локалната самоуправа.
Од општината најавија слични активности и во периодот кој претстои. вс/фф/

Остани поврзан