• понеделник, 23 декември 2024

Мицотакис: Секогаш се стремиме кон добри односи со соседна Турција

Мицотакис: Секогаш се стремиме кон добри односи со соседна Турција

Атина, 15 мај 2024 (МИА) – Секогаш се стремиме кон добри односи со нашиот сосед. Но, како што добро знаете дека Грција не отстапува од своите цврсти позиции и секогаш самоуверено ќе го брани својот национален суверенитет и суверените права, истакна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во однос на средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во понеделникот, јави дописничката на МИА од Атина. 

Говорејќи пред граѓаните во областа Еврос, за време на вчерашната негова посета, Мицотакис посочи дека секојпат кога е во конкретниот регион се сеќава на два настани, за кои рече дека „засекогаш ќе останат врежани во неговата меморија“.

Едниот е пожарите во Еврос, а вториот, настаните од март 2020 година со проблемот со мигрантите, за што истакна дека успеаја да ги заштитат границите на Грција и Европа, а „резултатот се гледа и денес“.

-Грција можеби е единствената земја во Европа во која мигрантското-бегалското прашање не е предмет на предизборна дебата. Зошто; Затоа што едноставно успеавме и го контролиравме проблемот. Ефикасно ги заштитивме нашите граници, ја завршивме нашата работа и ја почитувавме нашата обврска кон грчките граѓани, порача Мицотакис. ср/

Фото: Кабинет на грчкиот премиер

Остани поврзан