• недела, 06 октомври 2024

Мицкоски пред самитот на НАТО на средба со Мето Коловски и Обединетата македонска дијаспора

Мицкоски пред самитот на НАТО на средба со  Мето Коловски и Обединетата македонска дијаспора

Скопје, 8 јули 2024 (МИА) - Пред почетокот на самитот на НАТО, посветив внимание за позициите и прашањата на нашата дијаспора. Имав одлична средба со Мето Коловски и Обединетата македонска дијаспора со кои разговаравме за поддршка и лобирање за македонските интереси, објави на неговиот фејсбук профил премиерот Христијан Мицкоски, кој заедно со министрите за одбрана, за надворешни работи и трговија и за внатрешни работи, Владо Мисајловски, Тимчо Муцунски и Панче Тошковски се во официјална посета на САД.

Во следните неколку дена во Вашингтон тие ќе бидат дел од одбележувањето на 75 години од основањето на НАТО, а предивдени се и повеќе средби со државници, бизнисмени, како и со нашинци од дијаспората. цр/ац/

Фото: Фејсбук на премиерот Христијан Мицкоски

 

 

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан