Мицкоски: Ковачевски да го отфрли предлогот или да се тргнат точките од Годишните извештаи каде што се повикува на Протоколот
- Утре ќе биде владината седница според нашите информации и затоа ја повикувам цела Македонија утре тука да дојде. Изгледите се јасни.
Скопје, 4 јули 2022
Утре ќе биде владината седница според нашите информации и затоа ја повикувам цела Македонија утре тука да дојде. Изгледите се јасни.
Јас уште вчера кажав, понудив се повлекуваме и од предвремени избори, се повлекуваме од се, ќе помогнеме нека помине зимата, граѓаните да можат мирно да поминат, заеднички ќе се обединиме. Не му бараме ништо, само нека каже не. На пролет март, април пак ќе седнеме, ќе реавулираме состојбата ќе видиме што понатаму.
Тоа беше едната понуда. Втората јас му реков, еве од преговарачката рамка ако сте толку сигурни дека сте го заштитиле идентитетот да ги тргнеме точките каде што се повикува на Годишните извештаи, каде што се повикува на Протоколот од втората меѓувладина и каде што во записникот од втората меѓувладина која што ќе ја има нашата влада условно со ЕУ се трга делот каде што стои дека преговорите започнуваат веднаш после измената на Уставот.
Тоа е многу важно. Ние нема да почнеме сега преговори, тоа мора граѓаните да го знаат. Албанија ќе почне, не ние. Ние ќе треба да го смениме Уставот. Ние ова го потпишуваме за Албанија да почне преговори, не Македонија. Тоа треба секој еден граѓанин на Македонија да го знае. Немам ништо против Албанците, нека си почнат, ако ЕК оценила дека местото на Еди Рама е таму, а местото на Македонија не е таму, тоа е одлука на ЕК, јас тука не се мешам. Ако е одлука на ЕК, Македонија 22 години да чека, а Еди Рама да биде таму и дека тој споделува европски вредности, а не јас и овие луѓе тука, тогаш тоа е нејзина одлука.
Но, треба народот во Македонија да знае дека ние со ова не почнуваме преговори, Еди Рама и Албанија почнуваат, не ние. Тоа треба на сите да им е јасно, на цела Македонија да и е јасно.
Новинарско прашање: Повторно излегувате на протест, дали очекувате дека владата ќе ги слушне вашите барања?
Одговор: Ако има малце разум кај Ковачевски и останатите, треба да го слушнат тоа што народот го зборува затоа што тие повеќе не се грижат за иднината на овој народ и на државата отколку самиот народ за својата иднина и за Македонија. Мислам дека овие десетици илјади кои што излегуваат секој ден овде пред платото на владата се тие коишто можеби за прв пат во овој период од годината громогласно му упатуваат порака и на Ковачевски и на останатите таму во владата дека ова што го прават е погрешно и дека тие не се согласуваат со тоа. Иако морам да признаат дека информациите се спротивни и дека она кое што јас го имам како информација е дека најверојатно во текот на утрешниот ден на владина седница ќе помине позитивното да на Бујар Османи со што формално ќе се потпише протоколот од втората меѓувладина седница на владите на Македонија и Бугарија и со тоа формално практично владата се согласува на записникот од првата меѓувладина но и понатаму откако ќе се создадат условите да ја прифати преговарачката рамка во која се наоѓаат и се содржани и историјата и образованието и културата. Така што, очекувам барем малку разум до утре да се предомислат и да го слушнат ова громогласно не, на тоа што го прават во овој момент со македонскиот идентитет.
Новинарско прашање: Предлогот треба да помине во Собрание?
Одговор: Не, не треба да помине бидејќи тие немаат намера тоа да го направат, а и да помине на сила ќе помине. Инаку да, за формално да ги почнеме преговорите потребно е да се случи измена на Уставот. Тоа значи да оние граѓани за себе сметаат дека се дел од бугарскиот народ, тоа значи отприлика 700 семејства да бидат вклучени во Преамбулата, но и во останатиот нормативен дел на Уставот, барем така викаше Стево Пендаровски, иако вчера гледам дека се премислил, но тоа е негова работа. Ова сега што ќе се случува е датум за почеток на преговори на граѓаните на Албанија и на Еди Рама. Ова не е почеток на преговори на граѓаните на Македонија и Ковачевски. Затоа што после оваа меѓувладина седница само Албанија, односно граѓаните на Албанија и Еди Рама ќе ги почнат преговорите.
Да се разбереме, јас немам ништо против тоа, ако мисли Европа дека граѓаните на Македонија 22 години треба да седат заглавени во чекалната без разлика дали се Македонци, Албанци, Турци, Власи, Срби, Роми, Бошњаци само затоа што најпрвин некој го успоруваше правото да се нарекуваат онака како што сакаат да си ја нарекуваат својата држава, а сега да си го говорат својот мајчин македонски јазик, да бидат Македонци и да се гордеат со својата историја, култура, со јунаци кој што го дале својот живот за оваа Македонија и да продолжат да бидат во ходникот, а Еди Рама дека споделува европски вредности тогаш тоа е одлука на Европа и јас во такви европски вредности извинете не верувам.
Јас верувам во овие европски вредности кој што 22 години овој народ во Македонија, повторно ќе кажам без разлика на нашите етнички, верски, политички разлики заслужува да биде дел од тој преговарачки процес или да бидам уште подиректен заслужува да биде дел од самата Европа уште пред некоја од земјите членки да бидат таму. Но, повторно нас ни се успорува правото да бидеме Македонци, повторно некој го отвара проблемот со историјата. Иако вчера гледав еден статус од самиот Бујар Османи во кој што тој вели за иднината, но сето она кое што за жал тој ќе го парафира и е дел од тој протокол на таа втора меѓувладина конференција со Бугарија, е се само не иднина, туку е минато образование, историја и така натаму. Така што да сумирам ова што треба да се случи, ова што ќе направи владата е дата за почеток на преговори на Еди Рама, а не на граѓаните на Македонија.
Граѓаните на Македонија повторно нема да почнат преговори и тоа треба на сите да им е јасно. Тоа треба на секој еден да му е јасно без разлика дали е Македонец, дали е Албанец, дали е Турчин, Влав, Ром, Србин, Бошњак, граѓанин на Македонија, треба да знае дека ние не почнуваме преговори, почнува Еди Рама и ние повторно ќе продолжиме да чекаме уште години и години додека не се промени Уставот, па после некој друг услов, па трет услов и така натаму. Ова директно удар врз македонскиот идентитет. Тоа треба сите да го знаеме.
Новинарско прашање: Денеска гледаме дека премиерот Ковачевски се сретнува и со Села и со другите политички партии најверојатно. Дали вие како опозиција сте имале некој контакт со албанската опозиција и дали имаат некој став конкретен бидејќи јавно уште го немаат кажано?
Одговор: Јас верувам во демократските процеси, немам намера, никогаш во животот не сум вршел никому притисок. Претпоставувам Ковачевски ги држи тие состаноци на истиот начин како што го имаше состанокот со мене вчера, 3-4 клучни збора кои што ги има да ги каже, иако не сака да ги слуша аргументите од другара страна, едноставно сака да си го истера, така му е кажано процесот неколку дена и да заврши тука работата и потоа да каже дека процесот бил транспарентен. Затоа јас вчера му понудив , му реков, само ти кажи не, еве ние нема да бараме предвремени избори ќе ти помогнеме да помине зимата со луѓе, со ресурси, се ќе ставиме на располагање само кажи на овој предлог не. Ќе дојде пролет, март, април повторно ќе седнеме на маса, ќе ја реаволуираме состојбата дали треба таа есен да имаме избори дали заедно со претседателските само кажи не, тоа е најбитно сега.
Да го сочуваме идентитетот, односно да го сочуваме достоинството на граѓаните, тоа беше мојата понуда, и втора понуда исто така му дадов, му реков, ако верува дека се ова вистински европски преговори, вистинска европска преговарачка рамка, во која што не е начнат македонскиот идентитет тогаш ајде точка 11 и точка 14 од записникот на првата меѓувладина да ги тргнеме, за да знаат граѓаните за што зборувам точка 11 е онаму каде што се става измената на Уставот како услов за отпочнување на преговори, а точка 14 реферира на протоколот што треба Османи да го потпише заедно со Генчовска од втората меѓувладина во која што се содржани историја и образование и историски личности и тн., а пак овие две точки потоа се поврзани со преговарачката рамка заедно со Копенхагеншките критериуми и договорот за стабилизација и асоцијација еве и тоа му го понудив. Ајде овие четири работи да ги тргнеме и јас заедно ќе излезам со тебе и ќе ја поддржам преговарачката рамка и ќе побарам сите ние заедно да го поддржиме, еве ова е порака и до Европа, ова е порака и до сите оние бирократи во Брисел кои што следат и кои што вршат притисок овде ова да помине во влада. Еве нека ги тргнат тие две точки од записникот на првата меѓувладина и овие две точки од преговарачката рамка јас лично и ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржиме. Но за жал очигледно дека одговорот е негативен.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ______________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.