Мицкоски во Лондон се сретна со Пленковиќ и со Одил Рено-Басо
- ремиерот Христијан Мицкоски, кој заедно со владина делегација учествува на Самитот за Западен Балкан во Лондон, денеска се сретна со неговиот хрватски колега Андреј Пленковиќ и со директорот на ЕБРД Одил Рено-Басо.
Скопје, 22 октомври 2025 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски, кој заедно со владина делегација учествува на Самитот за Западен Балкан во Лондон, денеска се сретна со неговиот хрватски колега Андреј Пленковиќ и со директорката на ЕБРД Одил Рено-Басо.
- Остварена средба со хрватскиот колега Андреј Пленковиќ на која дискутиравме за европската перспектива и напредокот на реформските процеси. Хрватска е наш голем пријател и силен поддржувач на патот кон ЕУ, објави на Фејсбук премиерот Мицкоски.

За средбата со Рено-Басо, пак, пишува дека зајакнувањето на економските и трговските односи останува еден од приоритетите на работата на Владата.
- На денешната средба со Одил Рено-Басо, директор на ЕБРД разговаравме за економската состојба во државата, како и продлабочување на соработката и развој на нашата земја. Остануваме посветени за развој и раст на Македонија и сите граѓани, наведува Мицкоски на Фејсбук. мд/са/
Фото: Фејсбук на премиерот Христијан Мицкоски