• среда, 25 декември 2024

Мицкоски: Во земјава постои само една академија на науките и уметностите - МАНУ

Мицкоски: Во земјава постои само една академија на науките и уметностите - МАНУ

Скопје, 17 октомври 2024 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски вечерва уште еднаш потенцира дека во земјава постои само една академија на науките и уметностите - МАНУ. 

- Во Македонија постои една академија, тоа е МАНУ. Ако сакаме да правиме тема каде што нема, тогаш можеме тоа да го правиме. Ние како ВМРО-ДПМНЕ такво нешто ниту сакаме да дискутираме, ниту имаме намера, а не па да поддржуваме. За нас постои само МАНУ. Точка. Тука завршува се. Ниту имам намера една буква да трошам на што било друго. Општината одлучува како и каде ќе ги троши парите. Тоа е нејзино право. Дали ќе финансира невладини здружениja и со што тие ќе се занимаваат, со спорт или со нешто друго, во случајот, како што велите, ќе биде наречено академија, тоа е работа на општината. Но, ВМРО-ДПМНЕ во тие општини нема намера тоа да го поддржи, на памет не и паѓа. Ако е тоа тема што треба да отвори поларизација на дел од партиите во Парламентот кои се опозиција за да си го креваат рејтингот, мислам дека е погрешен пристап. Ниту ќе биде функционално. ниту ќе има каква било извесност, истакна Мицкоски во вечерашното гостување на ТВ Сител и отфрли секаква можност за дестабилизаија по таа основa.

Во врска со законот за правична застапеност, нагласи дека мора да биде согласно Уставот. Информира и дека е формирана Работна група во рамки на владината коалиција, а законското решение кога ќе биде завршено ќе биде испратено до Венецијанската комисија за и таа да даде мислење.

Мицкоски повтори дека Бадентерoт е уставна категорија и дека секој граѓанин има уставно право на работа, а Владата има вантрешен демократски механизам да направи уставно решение со кое ќе бидат испочитувани овие два постулата. 

Премиерот се осврна и на договорот за покачување на платите на наставниците.

- Постигнавме четиригодишен  историски договор во кој прв пат имаме начи за нивелирање и зголемување на наставниците во основно и професорите во средно образование кои ќе пораснат минимум 46 отсто од сега до март 2028 година. Покачувањето ќе биде сега пет отсто, следниот март седум отсто, во март 2026-та 7,5 отсто, во 2027-ма 7,5 проценти и во март 2028-ма минимум 10 отсто или 12,5 ако дозволоува Буџетот што е нето згоемување од минимум 46 отсто, подвлече Мицкоски. 

Прашан за новиот директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Мицкоски рече дека се работи за професионалец кој претрпел политички мобинг и реваншизам. Бојан Христовски, рече, долго време бил дел од безбедносниот сектор во МВР и поранешната Урава за безбедност и контраразузнавање и има големо искуство. 

Смената на директорот во АНБ за премиерот воопшто не е ненадејна.

-Смената на дирекророт на АНБ не е ненадејна. Како премиер, повеќе од два месеца не добив ниту еден извештај од работењето на АНБ, а некои други добиваа кои не се во формалниот политички живот и институциите. Ова го зборував јавно и тогаш го добив првиот извештај што беше како сумарен на тоа што е напишано по поратилите. Реков, „ако е ова извештај на АНБ, тогаш имаме сериозен проблем со нациналнитата безбедност“. Тоа што таму го прочитав и не е некоја тајна зашто го читав на порталите пртходниот ден и реков, „ако е ова нивната работа, тогаш итно мораме нешто да менуваме“, објасни Мицкоски според кој, „Христовски кога се врати во МВР се деполитизира, а дали има симпатија кон некои партии е друго прашање“.

Во однос на актуелната скопската градоначалничка, оцени дека нема капацитет да реализира капитални проекти.

- Данела Арсовска нема капацитет да реализира капитален проект за изградба на Булеварот „Хасан Приштина“. Иако веќе две години 10 милиони евра се префрлени на сметката на Град Скопје нема потрошени ниту фенинг од тие средства. Е сега кога сме кај тоа. Да тоа е капитален проект. Треба да е комплетен, а второ треба да се потрошени оние 10 милиони евра кои што веќе се дадени за реализација на еден таков капитален проект како што е Булеварот „Хасан Приштина“ кој што не само што не е почнат две години, туку ниту фенинг не е потрошен, рече Мицкоски.

До него, додаде, стигнуваат информации дека се тргува со средствата што ги има Градот Скопје на  сметка, префрлени од државата.

-Се бараат градежни фирмии што тоа ќе го изведуваат, има институции со тоа што се занимава. Но, факт е дека тој проект не е почнат со реализација и сега кога вие ќе видите дека некои 10 милиони евра му стојат 2 години на сметка, а не инвестирал ниту фенинг од тие 10 милиони евра, тогаш логично е да го поставите прашањето зошто па и тие 10 милиони евра не си ги вратиме назад во буџетот и да ги искористиме за нешто кое што е потребно за граѓаните во некои општини кои што се по подготвени, дециден е Мицкоски. 

За Коридорот 8, нагласи дека треба половина милијарда евра да се потрошат за пруга која нема продолжување кај источниот сосед.

Потенцира дека ние не се откажуваме, но треба комплетен проект и од бугарска страна. 

- Моментално буџетот за реализација на тој проект е 550 милиони евра од коишто 350 милиони се кредит, а 200 милиони се грант. 350 милиони ние ќе ги враќаме. Со тоа што изведувачот има право на пенали и клејмови. Моето скромно инженерско искуство вели дека најмалку уште 200 милиони ќе бидат потребни. Така што од тие 350 ќе дојдеме до половина милијарда пари коишто ние ќе треба да ги платиме. И да 200 милиони евра коишто се грант и коишто ќе ги платат европските даночни обврзници. Да, и тоа е точно, но 500 милиони ние, потенцираше Мицкоски.

На прашање зошто мисли дека Бугарија не би го градела тунелот, Мицкоски одговори дека, таков сличен пример е и граничниот премин Клепало, кој кај нас е готов а во Бугарија нема истурено ниту кубик песок.  

- Поради тоа што граничниот премин Клепало до ден-денеска нема еден кубик песок истурено, а кај нас е готов. Искуството вели дека ние си ја завршуваме домашната задача, ама од другава страна некако слабо иде завршувањето, рече меѓу другото Мицкоски. мч/цр

фото: МИА архива и принт скрин

 

Остани поврзан