• петок, 22 ноември 2024

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ нема да ги признае резултатите од пописот, ако одлучат насилно да продолжат со процесот

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ нема да ги признае резултатите од пописот, ако одлучат насилно да продолжат со процесот
Скопје, 26 март 2021 (МИА) – Нека продолжат на сила да го туркаат процесот за Пописот, кажувам дека опозицијата нема да биде конструктивна и влегуваме во политичка криза, па да видиме кој ќе победи. ВМРО-ДПМНЕ нема да ги признае резултатите, доколку одлучат насилно да продолжат со процесот, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа ТВ.

Прашан за што ќе разговараат на средбата во понеделник со Заев и дали ќе ја прифати понудата за широка коалиција, Мицкоски, рече дека на средбата оди заради тоа што народот очекува нешто да се направи за нивните проблеми, а не цело време меѓусебно да се напаѓаат.   

- Не зборувам за широка коалиција, мојот став е експертска влада што треба да ги организира следните локални избори или влада на национално единство и тоа и е потребно на државата, рече Мицкоски.  

За можноста да се разговара за предвремени избори заедно со локалните, Мицкоски рече дека ќе се разговара и дека се можни само локални избори, па од резултатите од тоа се можно три сценарија. 

Прашан дали може да побара одложување на Пописот на средбата со Зоран Заев во понеделник, Мицкоски рече дека гледајќи ги нивните ставови во јавноста, не се подготвени за разговор и тоа нема да биде тема на средбата. Нека си тераат попис, порача Мицкоски, па ќе видиме како ќе заврши тоа. - Здравјето нема цена. Ние ќе повикаме граѓаните да си го заштитат здравјето, ако се чувствуваат небезбедно да не отвораат врата, рече Мицкоски, прашан дали можеби ВМРО-ДПМНЕ ќе повика на бојкот на пописот. Прашан дали ќе повика на масовно попишување, доколку се направи имунизација на попишувачите, Мицкоски рече дека ако почне пописот на 1 април, тогаш тој нема да биде имунолошки подготвен и тој и луѓето нема да отвораат врата. - Јасен бев дека со имунизација на попишувачите, клучното прашање за безбедност на пописот е отстрането. Може да навлегуваме методолошки дали било вака или онака, но тоа во рамки на меѓународната заедница го покрива Евростат и они викаат дека таа е методологијата. Но, за да дојде дома кај мене некој, за јас да му отворам, мора тој да биде имунолошки поготвен. Ако почне на 1 април пописот, тогаш тој нема да биде имунолошки подготвен и јас нема да ја отворам вратата. Не само јас, туку стотици илјади наши граѓани и ние нема да добиеме правилни податоци од овој попис, изјави Мицкоски. Во однос на регистрирањето на дијаспората, Мицкоски рече дека на претстојните локални избори ќе има терминали за отпечаток на прстите, и дека тоа ќе даде одговор за резидентното население, но нагласи дека не сака да ги етнизира работите, бидејќи тоа е само статистичка операција. аа/нд/

Остани поврзан