• петок, 22 ноември 2024

Мицкоски: Власта го има разорено системот, се служат со лаги и клевети кон мене

Мицкоски: Власта го има разорено системот, се служат со лаги и клевети кон мене
Скопје, 4 октомври 2022 (МИА) - Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на Фејсбук напиша дека континуирано од СДСМ против него се води, како што вели, црна кампања полна со невистини, клевети и омаловажувања. -Во текот на вчерашниот ден, 3 октомври 2022 година, на прес конференција https://sdsm.org.mk/pres-konferencii/51032, изнесени се бројни лаги, невистини и клевети со цел да ми се нанесе штета во јавноста, но кога сме кај вистината би сакал да приложам пред македонската јавност два докази. Првиот доказ е одлука на Државната комисија за спречување на корупцијата од ноември 2019 година, која постапувајќи по допрен глас утврдила дека не постои судир на интереси, а на тој начин предметот е затворен и архивиран со појаснување на член од комисијата дека сите наводи во јавноста се неточни, пишува Мицкоски. Вториот доказ, како што наведува Мицкоски, „е пресуда на граѓанскиот суд во Скопје од април 2022 година со која судот констатира дека СДСМ со намера да наштети на мојата чест и углед изнела невистинити факти на својата официјална страна на социјалната мрежа Facebook“. -Нервозни се бидејќи аферата броило покажува колку силно го имаат разорено системот со трговија на влијанија, бизниси и матни тендери. Потполно сум свесен дека се исплашени, доаѓа денот кога ќе има одговорност за криминалот, предавствата и срамот што го нанесоа на македонскиот народ и Македонија. Мојата борба против криминалците во политиката е безусловна. Колку повеќе лажете и клеветите толку повеќе ме мотивирате. Со секој изминат ден Македонија е поблиску до слобода, а политичките криминалци до одговорност. Одиме до крај, напиша Мицкоски на Фејсбук. мд/дма/ https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/posts/pfbid02P8nmdCmG6UR1aQHLmpufE9LD8eRRT8ttyRdis6gRQx9KhqgD5fh5xaRxBtWy7RTRl

Остани поврзан