• понеделник, 23 декември 2024

Мицковски: Ако има јаки бази на податоци, нека направат електронски попис

Мицковски: Ако има јаки бази на податоци, нека направат електронски попис
Скопје, 25 јануари 2021 Претседателот на најголемата опозициска партија во Македонија, Христијан Мицкоски преку своето гостување во емисијата „Неделен брифинг“ која се емитува на интернет порталот „Инфомакс“, упати предлог до владејачката гарнитура со однос на престојниот попис кој што е закажан за април годинава, истиот да се спроведе по електронски пат со вкрстување на податоците од базите на податоци, кои што во моментот Македонија ги има десет. Овој предлог на Мицкоски доаѓа по неколкуте нивни, до сега одбиени предлози од страна на власта, меѓу кои и набавката на терминали за фингерпринт, кои секако ќе треба да се набавуваат за престојните локални избори. „Еве имаме и трета ексклузивна понуда, направете електронски попис. Еве имате, велите, бази на податоци, вкрстете ги, направете електронски попис. Чуму ви се потребни пари да трошите по луѓе, попишувачи кои што ќе дојдат дома, па потоа да имате двоен потпис иако според законот за статистика, им порача на власта, Мицкоски. Тој истакна дека добро го прочитал, ново донесениот Закон за попис при што увидел дека актуелниот заменик директор на Заводот за статистика нема никакви ингеренции за да може да има потпис врз резултатите од пописот, истакнувајќи дека таквиот чин е против Уставен и противзаконски. „Еве јас не сум правник, но читав, заменик директорот во Завод за статистика нема буквално никакви ингеренции, а камо ли двоен потпис. Незаконско е тоа дело, незаконско и неуставно. Тоа е човекот кој што треба да ги контролира процентите кои што однапред некој ги поставил како коалициски договор, и тоа фрла дамка на целиот процес и создава сомнеж кај граѓаните“, истакна Мицкоски. И затоа, додава тој, е и револтот и недовербата кај определени граѓани, без разлика на етничката припадност. Посочи дека не треба власта да се заканува на граѓаните за непопишување со казна затвор. Поради честите закани и уцени од страна на власта граѓаните единствено масовно ќе излезат и ќе се потпишат за укинување на законот за попис. - Брутална лага е дека некој кривично  ќе одговара ако одбие да се попише. Не постои такво нешто. Народот треба да знае дека такво нешто не постои. Постои прекршочна глоба која што може да се движи од 200 до 300 евра по лице, истакна Мицкоски. Мицкоски додаде дека Уставот вели дека секој е одговорен за сопственото здравје. И може да помине само со опомена ако одлучи да не ја отвори вратата. - Уставот е една работа, а ние имаме работа со Зоран Заев. Имајте предвид дека овој човек е подготвен на се, и тој нема да го казни Оливер Спасовски и тие кои што се активисти на СДСМ, туку оние кои што се идентификувани како лошите Вмровци. Тогаш ќе ви рече каков Устав,какво здравје, не ме интересира, ќе ја укине пандемијата, појасни Мицкоски. Мицкоски посочи дека кога тој бараше да има кризна состојба во државата, го убедуваа тогаш дека е невозможно, за да денес со месеци трае кризната состојба. - Ние како граѓани сме незадоволни од ова бидејќи нема да биде статистичка операција, се политизира истата. Ќе поднесеме во парламентот закон, со кој што ќе побараме од парламентот да расправа и да усвои закон кој што ќе го укине законот за попис, нагласи Мицкоски. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.  

Остани поврзан