• сабота, 06 јули 2024

Митровиќ по 2:1 против Португалија: Сосема заслужена победа, Србија беше подобра

Митровиќ по 2:1 против Португалија: Сосема заслужена победа, Србија беше подобра
Лисабон, 15 ноември 2021 (МИА) - Српскиот фудбалски репрезентативец Александар Митровиќ, кој го постигна победничкиот гол синоќа во квалификацискиот дуел за СП 2022 против Португалија (2:1), ги сподели своите впечатоци од натпреварот. - Одигравме одличен натпревар и сосема заслужено победивме. Бевме подобри од нашиот ривал во сите аспекти на играта. Дадоа гол по наша грешка, но ние имавме 3-4 шанси за гол, па мислам дека заслуживме победа и билет за Катар, изјави Митровиќ. Тој победничкиот гол го постигнати во 90. минута, претходно за Србија погоди и Душан Тадиќ (33. минута), додека за домаќинот единствениот гол го постигна Ренато Санчез по само две минути игра. Португалците по овој пораз го освоија второто место во групата и за пласман на Мундијалот во Катар ќе мора да се изборат преку бараж. зс/

Остани поврзан