• понеделник, 23 декември 2024

Митрески за празното место во ДИК: Се надевам дека ќе се избере членот, не сакам да оставиме дамка на изборниот процес

Митрески за празното место во ДИК: Се надевам дека ќе се избере членот, не сакам да оставиме дамка на изборниот процес

Скопје, 5 февруари 2024 (МИА) - Претседателот на Собранието, Јован Митрески за пополнувањето на испразнетото место во Државната изборна комисија и бојкотот на законодавниот дом од опозициските партии на Албанците поради тоа што сметаат дека таа позиција им припаѓа ним, истакна дека остварил средба со нив веднаш по преземањето на функцијата и дека разговарал за да се надмине овој проблем.

Тој во интервју за „360 степени“ на МРТ 1, потенцира дека проблемот е во читањето на законот, бидејќи не може точно да се одреди која партија спаѓа во опозициската гарнитура.

-БЕСА влегла со коалицијата „Можеме“, па излегла, па влегла Алтернатива која била во коалиција со Алијанса, па излегла. Јас побарав од нив тие два предлози што се на Комисија за избори и именувања да дојдат до пленум за да ја отвориме дебатата во пленарната сала и да се најде начин да разговараат пратениците, па и политичките партии, за да обезбедиме 80 гласа за еден од кандидатите. Изборот на кандидат за ДИК се врши со двотретинско мнозинство така што тука не може да дојде до ситуација за надгласување дали ќе биде еден кандидат или ќе биде друг. На крај, треба да се седне и да се разговара, рече Митрески.

Kryetari i Kuvendit, Jovan Mitreski sonte bëri të ditur se zgjedhjet presidenciale do t'i shpall më 14 shkurt. Tha se planifikon që të njëjtën ditë t’i shpall edhe zgjedhjet parlamentare.

Спикерот Митрески посочи дека лично нема да дозволи да има гласање за последниот член на ДИК, без притоа да добие цврсто уверување дека веќе има обезбедено двотретинско мнозинство за еден од кандидатите, бидејќи доколку изборот пропадне, целиот процес започнува одново, а доколку не се избере нов член, вели, ќе биде фрлена дамка на изборниот процес.

-Се надевам дека на крајот ќе се избере, бидејќи тоа би направило дамка на изборниот процес. Искрено се надевам дека ќе се обезбеди двотретинско мнозинство и да се избере последниот член на ДИК, рече тој.

Митрески смета дека препораката платеното политичко рекламирање повеќе да не биде на товар на државниот буџет би можело да е причина зошто измените на Изборниот законик се уште не се на дневен ред пред пратениците, бидејќи, како што рече, не гледа проблем во препораките на ОБСЕ-ОДИХР.  Како претседател на Собранието, додава тој, има задача предлогот што ќе стигне од пратениците да го стави на седница.

-Претпоставувам дека тука некаде е темата, бидејќи не гледам проблем во препораките на ОБСЕ-ОДИХР, досега не сум слушнал дека некој реагира на тие препораки. Претпоставувам дека за тој дел станува збор, но како и да е, треба да се обезбеди консензус. Секако, Изборниот законик и финансирањето на кампањите од државниот буџет беше тема години наназад и тогаш кога се носеше таа одлука објаснувањето беше – да се финансираат од државниот буџет за да нема надворешни влијанија во партиите, да не дава некакви концесии кон одредени финансиери во однос на изборната кампања или по завршувањето на изборите. Тогаш логиката беше таа, но доколку партиите обезбедат консензус, ќе го почитуваме тоа, рече Митрески.

Околу тоа дали СДСМ на изборите ќе оди со заеднички листи со ДУИ и Алијансата за Албанците или со традиционалните партнери посебно, Митрески рече дека имаат единствен став дека државата треба да се движи напред.

-Тоа е Европската унија и ние друга алтернатива, освен европската иднина немаме, рече претседателот на Собранието Митрески. фф/вг/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан