• среда, 18 декември 2024

Митева: Мора да продолжиме на патот кон ЕУ, тоа е наша стратешка цел и за тоа ќе продолжиме да се бориме

Митева: Мора да продолжиме на патот кон ЕУ, тоа е наша стратешка цел и за тоа ќе продолжиме да се бориме

Скопје, 11 ноември 2024

 

Во подкастот ,,ВМРО-ДПМНЕ Зборува“, Марија Митева, портпаролката на Влада и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, се осврна на тековните состојби во македонска политика и патот, кој според неа, треба да го следи Република Македонија. Митева ги укажа и недостатоците на претходните влади во справувањето со политичките реалности. Таа ја нагласи клучната разлика помеѓу актуелните политички опции и нивниот пристап кон надворешната политика, економијата и евроинтеграциите, кои треба да бидат во служба на националните интереси и вистинските потреби на граѓаните.

„Остануваме на ставот кој што го имавме и во предизборието и многу години наназад, дека едноставно можеби е дојдено времето кога треба да ги стопираме сите тие состојби со кои што се соочувавме, особено во делот на надворешната политика, а кои беа резултат на водење политика од страна на политичари кои несериозно ја сфатија улогата што ја имаа, се со цел да можат нивните состојби на криминал и корупција од една страна лесно да се кријат, додека постојано зборуваа за Европа и ЕУ,“ изјави Митева.
Митева се фокусираше и на тоа како ваквата политика довела до сериозни проблеми, не само за политичките партии, туку и за самите граѓани. Според неа, присутен бил неусогласен пристап во дипломатските односи, кој не соодветствувал со очекувањата на граѓаните.

„Имавме пристап во дипломатијата кој не соодвествуваше со очекувањата и она што граѓаните го бараа, но мислам дека тоа време е зад нас. Треба да се фокусираме на тоа како ние треба да направиме чекор нанапред, и тоа всушност е целта на оваа Влада,“ рече Митева.

Митева ја истакна и активноста на ВМРО-ДПМНЕ која е резултат на искреноста во презентирањето на реалните состојби и проблеми во земјава, и ја нагласи несогласноста со политичките ветувања кои останале неисполнети во минатото.
 „Успеавме да ги презентираме реалните состојби кои што ги има во нашата држава, и тука кога зборувам за реалните, зборувам за преносење на пораката кон сите засегнати страни за тоа каква е состојбата. Затоа што во минатото се ветувало нешто што не можело да се реализира,“ изјави Митева.

Во однос на тоа дали актуелната Влада е подобро да го игнорира проблемот и да најде решение Митева истакна дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема пристап на игнорирање на проблемите.
„Немаме пристап во Владата на игнорирање на проблемите, напротив, имаме пристап на наоѓање решенија како да ги подобриме состојбите, без разлика дали станува збор за економијата, политиката или полноправното членство во ЕУ“, катеогрична е Митева.
Според Митева, чесноста и отвореноста во комуникацијата со јавноста се клучни за успехот во дипломатијата и надворешната политика.

„Знаеме како течеле разговорите, знаеме што ветувале, и ја кажуваме реалната состојба. Мислам дека со еден таков чесен пристап, особено во делот на надворешната политика и дипломатијата, луѓето кои што ја работат таа работа, а кои имаат огромно искуство, ќе успеат да не презентираат нас пред се како граѓани и да ги презентираат позициите кои што ги имаме,“ изјави Митева.

Митева ја подвлече и важноста на евроинтеграциите, нагласувајќи дека Македонија мора да продолжи на патот кон ЕУ, и упати дека покрај сите предизвици, Влада која е посветена на реформи и отворена за вистинска дипломатија, ќе го води народот кон посветла иднина.
„Мора да продолжиме на патот кон ЕУ, тоа е наша стратешка цел и за тоа ќе продолжиме да се бориме“, заклучи Митева.


 Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан