• недела, 17 ноември 2024

„Мис САД 2019“ изврши самоубиство во Њујорк

„Мис САД 2019“ изврши самоубиство во Њујорк
Лос Анџелес, 31 јануари 2022 (МИА) - Победничката на изборот за убавина „Мис САД“ за 2019 година, Чесли Крист изврши самоубиство во центарот на Њујорк, објави „Њујорк пост“. Според полицијата, телото на Крист било пронајдено вчера наутро на улица близу куќата каде што живеела. Полицијата ги истражува причините за настанот. Крист оставила и белешка во која целиот нејзин имот ѝ го остава на нејзината мајка. Чесли Крист (30) од Џексон, Мичиген дипломиралa Право и по освојувањето на титулата „Мис САД“, работи како дел од тимот на телевизиското забавно шоу „Екстра“. „Нашите срца беа скршени. Чесли не беше само важен дел од нашето шоу, туку и омилен член на семејството на ’Екстра‘... Изразуваме најдлабоко сочувство до сите нејзини роднини и пријатели“, се вели во соопштението на продукцијата на емисијата.  си/сд/

Остани поврзан