• недела, 22 декември 2024

Министрите за одбрана на ЕУ ќе разговараат за помошта за Украина и одбранбената индустрија

Министрите за одбрана на ЕУ ќе разговараат за помошта за Украина и одбранбената индустрија

Брисел, 28 мај 2024 (МИА) - Министрите за одбрана на Европската унија денеска ќе се сретнат во Брисел да разговараат за воената помош за Украина, како и за напорите за зајакнување на европската одбранбена индустрија.

ЕУ вети пет милијарди евра (5,4 милијарди долари) воена помош за Украина преку вонбуџетскиот фонд наречен Европски мировен фонд. Но, Унгарија ги задржува плаќањата. Секоја земја-членка на ЕУ има право на вето, јави ДПА.

-Се договоривме дека унгарскиот придонес во европскиот мировен објект нема да се користи за воена поддршка на Украина, изјави синоќа шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.

Министрите ќе разговараат за ситуацијата на бојното поле во Украина. На разговорите ќе учествуваат и украинскиот министер за одбрана, Рустем Умеров и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

На дневен ред е и планот од 1,5 милијарди евра што Европската комисија го постави во март за зајакнување на индустријата за вооружување на ЕУ, со цел таа да биде подобро опремена да се брани и да ја вооружува Украина. мс/

фото: ДПА

Остани поврзан