• петок, 22 ноември 2024

Министерство за правда: Собранието го донесе Законот за спорт

Министерство за правда: Собранието го донесе Законот за спорт

Скопје, 29 февруари 2024

Собранието го донесе Законот за спорт. Законот беше предложен од Министерството за правда и со него се обезбедуваат финансиски поттикнувања за националните спортски федерации, спортските клубови, активни спортисти од олимписки и неолимписки спортови и други правни субјекти кои имаат решение за вршење на дејност спорт, подигнување на спортот на повисоко ниво вонашата земја и остварување на подобри резултати како во домашни рамки така и на меѓународно ниво.

Аналогно на измените и дополнувањата на Законот за данокот на добивка во делот на даночното намалување/поттикнување, во Законот за спортот се предвидува даночно поттикнување за спортките субјекти со воведување на ваучерски систем согласно кој точно ќе бидат утврдени надлежностите на спортските субјекти и органот на државната управа надлежен за работите од областа на спортот, како и самата процедура при издавање на ваучери.

Министерство за правда

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан