• сабота, 09 ноември 2024

Министерството  за правда го испрати барањето за екстрадиција на Љупчо Палевски

Министерството  за правда го испрати барањето за екстрадиција на Љупчо Палевски

Скопје, 7 декември 2023 (МИА) - Министерството  за правда го испрати барањето за екстрадиција на Љупчо Палевски кое преку Министерството за надворешни работи ќе биде доставено по дипломатски пат до турските власти.

Од Министерството за правда соопштуваат дека оригинал документ е испратен по ДХЛ до Министерството за правда на Република Турција и во скенирана верзија е пратен и до ИНТЕРПОЛ. 

- Очекуваме соработка со правосудните органи на Република Турција, навремено процесуирање и постапување  од нивна страна во најкус можен рок, велат од МП.

Барањето за екстрадација што министерот за правда Кренар Лога го потпиша вчера доаѓа по апсењето во Турција на првоосомничениот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Меѓународната потерница по него беше издадена на 4 декември, а аспењето се случи утредента.

Палевски е осомничен за две кривични дела „грабнување“ и две убиства на свиреп начин. Во истрагата на Јавното обвинителство се опфатени уште четири лица, односно соизвршителите Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски, кои ја признаа вината.

Во случајот, според истрагата, е вмешан и таткото но Вања, Александар Ѓорчевски, кој се сомничи дека споделувал информации со останатите осомничени за движењето на неговата ќерка, а за кого Обвинителството информираше дека ги негирал дејствијата. ар/дма/

 

Остани поврзан