• петок, 05 декември 2025

Министерот Тошковски најави две нови ленти на граничниот премин „Богородица“

Министерот Тошковски најави две нови ленти на граничниот премин „Богородица“

Скопје, 1 јули 2025 (МИА) - Македонија ќе отвори две нови ленти за излез и една дополнителна лента за влез на товарни возила на граничниот премин „Богородица“, информира денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Министерот посочи дека со овој потег се очекува значително олеснување на метежот кој во летниот период е вообичаен, особено поради големиот број туристи од регионот кои патуваат кон Грција, како и дека чекањата од неколку часа се очекува да се намалат со подобрување на капацитетот и ефикасноста на граничниот премин.

Тошковски најави и долгорочна стратегија – пренасочување на товарниот сообраќај кон посебен граничен премин, слично на решението што веќе го применува Грција.свс/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан