• недела, 22 декември 2024

Министерот Мисајловски на меѓународен саем за одбрана во Турција

Министерот Мисајловски на меѓународен саем за одбрана во Турција

Скопје, 22 октомври 2024 (МИА) - Министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денеска и утре ќе ја предводат македонската делегација на 4. меѓународен саем за одбрана - Saha Expo 2024, што се одржува во Истанбул, Турција.

Како што соопштија од Министерството за одбрана, за време на посетата на Република Турција, Мисајловски ќе има средба со неговиот колега и домаќин - министерот за национална одбрана Јашар Гулер.

- Денеска и утре, македонската делегација ќе оствари средби со претставници на турски компании од наменско производство и ќе има можност да се запознае со најновите техничко-технолошки достигнувања на полето за одбраната, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана. бд/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан