• петок, 22 ноември 2024

Министерот Меџити на средба со амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ, Вал

Министерот Меџити на средба со амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ, Вал

Скопје, 3 октомври 2024 (МИА) - Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска имаше работна средба со амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Република Северна Македонија, Килиан Вал, на која е разговарано за можностите за соработка во континуирано партнерство, со цел унапредување на приоритетните реформи во согласност со заложбите на ОБСЕ, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање.

- Двајцата соговорници се согласија дека имаат за цел зајакнување на правната држава, борбата против корупцијата, родовата еднаквост и зајакнувањето на младите, додека промовирањето на транспарентноста, човековите права и одржливиот развој за доброто на сите граѓани, остануваат заедничка цел, се нагласува во соопштението.

Меџити повторил дека е максимално посветен на напредокот на интеграциската агенда на земјата кон зачленување во Европската Унија, како единствено решение и со масовна поддршка од граѓаните. бд/са/

Фото: Министерство за животна средина и просторно планирање

Остани поврзан