• среда, 04 септември 2024

Министерот за европски прашања Муртезани во дводневна работна посета на Брисел

Министерот за европски прашања Муртезани во дводневна работна посета на Брисел

Скопје, 3 септември 2024 (МИА) - Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани утре и задутре ќе престојува во работна посета на Брисел. Во рамки на посетата тој ќе се сретне со Оливер Вархеји, комесар за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија и со Стефано Санино, генерален секретар на Европската служба за надворешни работи.

Министерот Муртезани ќе има средби и со Герт Јан Копман, генерален директор на Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување на Унијата (ГД НЕАР), Валентина Суперти, директорка за Западен Балкан во ГД НЕАР, европратеникот Илхан Кјучук и со други претставници на европските институции и Унгарското претседавање со Советот на ЕУ.

-Претстојните дипломатски средби во Брисел се дел од тековните напори за пробив на европскиот пат на Северна Македонија и продлабочување на соработката со клучните тела на Европската Унија. На средбите ќе бидат опфатени низа теми важни за процесот на пристапување на Северна Македонија кон Унијата, со посебен акцент на регионалната стабилност, економската соработка и натамошното усогласување на домашните реформи со европските стандарди, се вели во соопштението од Министерството.

Во него се додава и дека во дискусиите ќе се разгледа и можноста за зголемена техничка поддршка за тековните реформи во судството, владеењето на правото и антикорупциските мерки. сст/са/

Фото: Министеро за европски прашања

 

Остани поврзан